Центарот збесна: Прво удри противник со топка во глава, па со бокс нокаутираше друг играч (Видео)

Нов тежок инцидент се случи на кошаркарски меч во регионов, откако на дуел од второто коло во Прва лига во Република Српска (Босна и Херцеговина), еден играч буквално збесна. Откако се појави снимка на масовна тепачка на кошаркари во една регионална лига, овојпат во „главна улога“ беше само еден играч-силеџија.

Новиот инцидент се случи на дуел меѓу Варда од Вишеград и Слобода 73 од Босански Нови, кога гостинскиот центар Александар Божиќ неочекувано здиве.

Се играше втората четвртина кога врз Божиќ беше направен фаул, а тој најпрво со топка удри еден противнички играч директно во главата, за потоа да нокаутира друг кошаркар.

По овој инцидент страстите се смирија, а на крајот Варда победи со 66:58.

- Оглас -

Најнови вести