Циркус Јуве: Алекс Сандро заборави дека веќе не е играч на Порто, па го запре Роналдо! (Видео)

Јувентус неочекувано беше поразен од Порто со 1-2, па на реваншот во Торино ќе бара пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а синоќа Старата дама многу лошо ги отвораше полувремињата, рано примаше голови и тоа е доказ за недоволна концентрација.

Еден момент од мечот докажува колку некои играчи на Старата дама беа како загубени на теренот. Алекс Сандро, кој од 2011 до 2015 година играше за Порто, како да заборави дека веќе не е член на Змејовите, па како дефанзивец запре еден продор на Кристијано Роналдо и му направи лоша услуга на својот тим.

Снимката од судирот стана хит на интернет, погледнете ја и Вие:

- Оглас -

Најнови вести