Циркус – Конечно се решија да го платат долгот по неколу години доцнење и ги префрлија парите на погрешен клуб

Администрацијата на Лацио направи погрешен трансфер на пари што се уплатени за некогашните ангажмани на Педро Нето и Бруно Жордао, а парите наместо на контото на Брага, стигнале на сметката на Спортинг Лисабон.

„За жал, направивме грешка што треба да ја коригираме. Двете екипи имаат слични имиња, па ќе мораме да ја коригираме грешката“, изјави Армандо Калванери, генералниот директор на Лацио.

И Брага го има предзнакот Спортинг во името на клубот, па Лацијалите се „насанкале“ на сличните имиња на клубовите и ги уплатиле парите на погрешна сметка.

Брага и Лацио сè уште имаат недоразбирања за некогашниот играч на овие две екипи Педро Нето, кој сега е член на Вулверхемптон.

Брага бара 12 милиони евра вкупно, сума во која е вкалкулирано и доцнењето со уплата на парите од страна на Лацио, а италијанскиот прволигаш прифаќа да плати 11 милиони евра.

Член на Вулверхемптон беше и Бруно Жордао, кој сега игра како позајмен фудбалер во португалскиот прволигаш Фамаликао.

 

 

- Оглас -

Најнови вести