Циркусот на УЕФА продолжува – Со тури-вади топчиња избегнат е уште поголем дебакл, на Интер ќе му останеа две невозможни опции, Јувентус или Реал Мадрид

Од УЕФА се вадат за дебаклот при првата ждрепка со осминафиналните парови во Лигата на шампионите, а секако и да не беше хаосот што сами го направија и ги доведе до ќорсокак, ќе имаше уште поголема бламажа.

Топчето во садот со името на Манчестер јунајтед не беше ставено за Црвените ѓаволи да бидат ривали на Атлетико Мадрид, па потоа се направи цела трансформација и Вилјареал наместо со Манчестер јунајтед, како што одреди ждрепката, а беше невозможно бидејќи беа ривали во иста група, падна со Манчестер сити.

Од УЕФА објавија дека ако не се направеше таков маневар, тогаш Интер ќе мораше да игра или со Јувентус или со Реал Мадрид, што исто така е невозможно.

https://twitter.com/theutdjournal/status/1470358118500474882?s=20

Две екипи од иста земја не можат да играат меѓу себе во осминафинале, па невозможна варијанта е да играат Интер и Јувентус.

Исто така не можат да играат меѓу себе екипи што биле во иста група, како што беше во случајот со Интер и Реал Мадрид.

Потоа ждрепката беше повторена и од втор обид беа одредени паровите за осминафиналната рунда.

- Оглас -

Најнови вести