Циркуз: Турски клуб потпишал со погрешен играч

Во трката за доведување квалитетни играчи во летниот преоден рок, турскиот тим Менемен Беледие направи катастрофална грешка. Клубот кој се натпреварува во втората лига во Турција потпиша договор со погрешен фудбалер.

Се работи за двајца играчи од Гамбија коишто имаат исти презимиња. Скаутите на турскиот тим сакале во својот тим да го доведат Ламин Џалоу, кој има осум настапи за репрезентацијата на Гамбија, а моментно е играч на Салернитана во Серија Б.

Сепак, кога требало да се испрати мејл, турскиот клуб понудата ја испратил кај Алфа Џалоу, кој игра во португалскиот третолигаш Алкошетензе. Кога ја добил понудата, Алфа Џалоу веднаш се качил на авион и заминал во Турција. Пристигнал во Измир и за многу брзо време се договорил со турскиот второлигаш.

Играчот гордо позирал со договорот и дресот на новиот клуб. Сите биле среќни, но ситуацијата се сменила по првиот тренинг. Тренерот и скаутите забележале дека тоа не е играчот кого го гледале на снимките. За брзо време било констатирано дека се работи за грешка.

За среќа на турскиот тим, Алфа Џалоу се покажал како разумен човек и кога му било објаснето дека се работи за грешка, прифатил да го раскине договорот.

 

- Оглас -

Најнови вести