Циципас му врати на тенисерот кој го шокира на Вимблдон

Стефанос Циципас се пласира во осминафиналето на машкиот олимписки турнир по победата во два сета над Франсес Тифо со 6-3, 6-4.

Грчкиот тенисер се реваншира за шокантниот пораз пред еден месец на Вимблдон, кога Тифо уште во првото коло го надигра по три сета, што беше прва победа за него против Циципас во кариерата.

Сепак, Стефанос потврди дека тврдата подлога му одговара бидејќи ова е четврти меѓусебен дуел кој го добива против Тифо во вакви услови. Доволни беа два брејка, по еден во двата сета, за Циципас да зачекори кон победата, па сега ќе го чека подобриот од Хумберт и Кецмановиќ за битка за пласман во топ 8 фазата.

- Оглас -

Најнови вести