Цонга добро го испоти Федерер, но Хале е територија на Швајцарецот

Роџер Федерер со победата над Жо-Вилфред Цонга со 2-1 во сетови (7-6, 4-6, 7-5) се пласираше во четврт-финалето на АТП-турнирот Хале. Се чекаше три години за повторна средба на двајцата врвни тенисери, а Швајцарецот ја издвои 12-тата победа против Цонга во 19 средби.

Иако навидум голем фаворит, Федерер имаше доста проблеми против искусниот француски тенисер кој моментално е на 77-то место на АТП-листата. За водство во сетови мораше да се мачи преку тајбрејк, кој го доби со 7-5. Цонга со два брејка дојде со израмнување, во решавачкиот сет водеше до 5-4, а потоа Швајцарецот направи клучен брејк и триумфира со 7-5, односно 2-1 во сетови.

Федерер на патот кон 10-тата титула на турнирот во Германија ќе се соочи со Роберто Баутиста Агут, кој претходно го совлада Ричар Гаске со 2-0 во сетови. Останатите четврт-финални парови се: Борна Чориќ – Пјер Хербер, Матео Беретини – Карен Хачанов и Давид Гофан – Александр Зверев.

- Оглас -

Најнови вести