Натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид (2-2) крена голема прашина во светската јавност поради поништениот, односно непризнатиот гол на Белингам, но како да падна во заборав тешката повреда која ја доби дефанзивецот на Лилјаците, Муктар Дијакаби.
Фудблерот на Реал Мадрид, Орелијан Чуамени, во обид да одземе една топка падна директно на коленото на противникот, па настанаа мачни сцени на стадионот. Фудбалерите на двете екипи се држеа за глава во неверување за тоа што се случи. Првичните проценки на лекарите се дека Дијакаби оваа сезона веќе нема да го гледаме на фудбалските терени, а така ќе биде веројатно и следната.
Дијакаби има скинато четири или пет лигаменти на коленото и според некои прогнози, можно е ова да е крај на неговата кариера. Докторите велат дека првата цел е фудбалерот да почне самостојно да оди, па дури потоа ќе се размислува за негово враќање на фудбалските терени.