Црни се прогнозите за Ансу Фати, може да паузира четири месеци

Тинејџерот Ансу Фати одлично ја започна сезоната во Барселона и вкупно петпати се запиша во листата на стрелците. Талентот кој има само 18 години ја доби довербата да биде стартер кај Роналд Куман, но на последниот дуел против Бетис мораше да биде заменет на полувремето.

Фати се повреди, а дека се работи за сериозна повреда, потврдува и фактот дека денеска напаѓачот ќе биде опериран.

Според лекарските прогнози, Фати може да паузира до четири месеци, што значи дека талентот може да го очекуваме повторно на теренот на почетокот на март следната година.

 

- Оглас -

Најнови вести