Репрезентацијата на Гана е 21-виот патник на Мундијалот во Катар по ремито 1:1 денеска против Нигерија на гости.
Само поради правилото на ФИФА за повеќе постигнати голови на гости што сè уште се практикува, а УЕФА веќе го укина, Гана ќе игра на Светското првенство.
Првиот меч заврши без голови, па погодокот на Топчијата, Томас Парти во десеттата минута на стадионот во Абуџа ја одведе Гана во Катар.
Нигерија израмни на 1:1 со голот на Трост-Еконг, недоволно за настап на Светското првенство.
Africa’s first spot in the World Cup is secure! Ghana goes into Abuja and ousts Nigeria on away goals, with Thomas Partey’s strike the difference.
After missing out in 2018, the Black Stars are backhttps://t.co/KphWYX3ZwT pic.twitter.com/BpNifvyo0O
— SI Soccer (@si_soccer) March 29, 2022
Сенегал и Египет како да не можат без продолженија, откако во февруари во финалето на Африканскиот куп играа 120 минути и победи Сенегал.
И сега во реваншот во финалниот бараж-меч за настап во Катар се играат продолженија во Дијамнијадио во Сенегал, откако домаќините вечерва во регуларниот дел во реваншот победија со 1:0.
Така беше, но за Египет на првиот меч, па дополнителните 30 минути, потоа и евентуално пеналите ќе одлучат која селекција ќе игра во Катар.