Црногорците се оградија од фудбалерот кој после победата над Азербејџан даде поддршка за Ерменија

Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, се огради од објавата на голманот Андрија Драгојевиќ, кој после победата на Црногорците над Азербејџан, на Инстаграм објави пост во кој победата им ја посвети на Ерменците, кои се во војна со Азербејџан околу регионот Нагорно Карабах. Амбасадата на Азеберјџан во Црна Гора, упати протестна нота до Министерството за надворешни работи на Црна Гора.

Драгојевиќ е голман на ерменскиот клуб Алашкерт.

„Драгојевиќ не е актуелен репрезентативец и неговата објава не претставува официјален став на репрезентацијата или фудбалскиот сојуз на Црна Гора во врска со ситуацијата во регионот Нагорно Карабах“ – стои во соопштението на ФСЦГ, и додаваат дека не се политичка организација, и изразуваат надеж дека воените дејствија ќе престанат.

- Оглас -

Најнови вести