Црвен картон е блага казна за фаулот на мечот Пролетер – Мачва (Видео)

Натпреварот од српската лига помеѓу Пролетер и Мачва заврши без голови, но далеку од тоа дека немаше интересни настани. Во 92-рата минута е виден неверојатен фаул, поради кој е исклучен дефанзивецот на домашните, Александар Андрејевиќ.

На Пролетер му се брзаше, сакаа победа против Мачва и Андрејевиќ сакаше што побрзо да ја врати топката во игра откако Дилан Ортиз се најде во офсајд. Ортиз сакајќи да украде уште некоја секунда, со пета ја шутна топката зад себе. Затоа, наместо топката, нервозниот Андрејевиќ го шутна Колумбиецот Ортиз, за што заслужено доби исклучување.

Погледнете го грубиот фаул на Андрејевиќ над 20-годишниот Ортиз:

- Оглас -

Најнови вести