Црвен картон во Керкраде за газдата – Навивачите на Рода го избркаа Де Ла Вега од стадион (Фото)

Навивачите на Рода жестоко протестираат против сопственикот на клубот Маурисио Гарсија Де Ла Вега, а дури и го избркаа од стадионот вечерва на дуелот со Де Графшап.

Мексиканецот подолг период не им исплаќа плати и на играчите, а Рода реди порази. Клубот беше стабилен прволигаш во Холандија, а сега тавори во долниот дел на табелата во Втората лига.

И вечерва на домашен терен Рода се мачи, но успеа да израмни на 1:1 во дуелот со Де Графшап,откако губеше со 0:1 по нешто повеќе од еден час игра.

Навивачите му го блокираа влезот на Де Ла Вега на стадионот, а незадоволството го потврдија со транспаренти и скандирање против Мексиканецот.

- Оглас -

Најнови вести