Добија ли црвен картон хрватските навивачи? Нема да смеат да влезат на стадион!?

Англија ја пречекува Хрватска на 13 јуни во Лондон, во првиот меч од групната фаза, а иако има уште девет дена до средбата, се случија првите проблеми на Европскиот првенство. На „Вембли“ треба да има околу 2.000 хрватски навивачи кои имаат купено билети за овој меч, но хрватските медиуми пишуваат дека можно е ниту еден навивач на Коцкестите да не биде на легендарниот стадион во Лондон.

Проблемите кои се појавија за навивачите на Хрватска се епидемиолошки мерки кои ги има во Велика Британија. Прописите за влез во Англија налагаат навивачите да имаат негативен тест на корона-вирусот направен најмногу 72 часа пред влезот во земјата, но и покрај тоа ќе мора да поминат 10 дена во самоизолација на адресата на која се пријавени за престој во земјата.

Навивачите ќе може да ја прекинат самоизолацијата на петиот ден доколку направат уште еден ПЦР тест, кој би требало самите да си го платат и тој треба да е негативен. Доколку тој тест е негативен, навивачите ќе може да излезат од самоизолација, но потоа на осмиот ден ќе мора да направат и трет тест. Тоа значи дека ако хрватските навивачи сакаат да влезат на стадионот за дуелот Англија – Хрватска на 13 јуни, ќе мора да тргнат денеска на пат.

Иако се очекуваше Англија да ги намали епидемиолошки мерки од 1 јуни, тоа не се случи. Голем дел од хрватските навивачи побарале од УЕФА да ги вратат билетите и да им бидат вратени парите, но од Европската куќа на фудбалот добиле негативен одговор за такво нешто.

 

- Оглас -

Најнови вести