На мечот од српската Суперлига помеѓу Колубара и Црвена ѕвезда, гостите од Белград водат со 6-0 по првото полувреме. Доминацијата на Црвено-белите е огромна, и ретко видена. Резултатот можеше да биде и поубедлив, ако Канга го погодеше пеналот при водство на српскиот првак од 4-0.
Ако Ѕвезда продолжи во ист ритам, тешко на Колубара, која и не е најслаб тим во елитната лига во Србија. Колубара сезонава има четири победи, но изгледа голема е разликата во квалитет помеѓу белградските ривали Партизан и Црвена ѕвезфда во однос на останатите екипи.