Црвена Ѕвезда не сака шпански репризи, во драматичен меч ги скроти Лилјаците во Валенсија

Црвена Ѕвезда не дозволи нов драматичен пораз во Евролигата од шпанска екипа и вечерва ја победи Валенсија на гостински терен со 77:75 во нов драматичен меч.

Црвено-белите очигледно ја научија лекцијата од поразот против Барса во минатото коло, кога загубија добиен натпревар, па сега не дозволија реприза.

Црвена Ѕвезда водеше со 9 поени разлика, 72:63 и дозволија Валенсија да се доближи на само едне поен минус, но не го загубија мечот, благодарение на прецизно изведените слободни фрлања на Недовиќ и на Петрушев кои беа најефикасни на мечот.

Петрушев даде 25 поени со 9 скока, а Недовиќ уфрли 19 поени со шест асистенции.

Валенсија промаши последен удар за тројка и за победа и не успеа да го повтори подвигот на Барселона.

Во останатите натпревари Ефес го победи Лион со 78:72, Олимпијакос беше подобар од Милано со 82:66 и Реал Мадрид го декласира Макаби Тел Авив со 98:65.

- Оглас -

Најнови вести