Црвена ѕвезда го сака Несторовски, Палермо не го дава за сума под 7 милиони евра

Илија Несторовкси е на листата на желби на Црвена ѕвезда. Според српските и италијанските медиуми, македонскиот репрезентативец може да замине во српскиот првак, и тоа за трансфер вреден 7 милиони евра. Палермо не успеа да се избори за влез во Серија А, па многу веројатно е дека ќе го продадат капитенот, но тимот од Сицилија сака добро да заработи од неговото заминување.

„Нема лесно да се откажеме од Несторовски. За него постои интерес од Црвена ѕвезда, но и други европски клубови внимателно ја следат ситуацијата со него. Тоа што моментално го нудат на пазарот, нема шанси да го прифатиме за да го дадеме капитенот“, вели директорот на Палермо, Фабрисио Лукези.

Палермо сака за Несторовски да заработи помеѓу 7-8 милиони евра, а и самиот Несторовски вели дека нема лесно да си замине од клубот во кој помина три сезони.

„Не сум човек кој сака лесно да се откаже и да си замине бесплатно. Сакам Палермо да добие добра понуда. Не го гледам сопствениот интерес, туку сакам да му помогнам на клубот“, изјави Несторовски, кој во 94 меча за Палермо има постигнато 36 голови.

Пред да замине во Италија, Илија има играно и за Интер Запрешиќ, Виторија, Словачко, Металург и Победа.

 

- Оглас -

Најнови вести