6048 Ноах – Ружомберок (18.00 часот)
Ерменскиот Ноах до оваа фаза, која носи место во групната фаза од Конференциската лига, дојде преку тетовска Шкендија, малтешката Слима и големиот АЕК од Атина. Откако приредија сензација против АЕК, сега се и благи фаворити против словачкиот Ружомберок, кој во претходната рунда квалификации го елиминира сплитскиот Хајдук во двомеч само со еден гол за 180 минути игра. Ружомберок тука дојде откако испадна од Трабзонспор во квалификациите за Лигата на Европа. Ноах е опасен домаќин, додека Словаците во последно време играат мечеви со 0-2 гола.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.81)
3324 Варта Познањ – ЛКС Лоѓ (20.30 часот)
Ова е дуел од првата дивизија во Полска (втора лига по ранг). Варта сезонава одигра пет меча, на кои прими 10 гола, во последните три кола има и победа, и пораз и реми, додека ЛКС во четири меча има само еден освоен бод и само два постигнати гола. Тимот од Лоѓ ги загуби последните пет гостувања ако се смета и минатата сезона, а последната гостинска победа му беше токму против Варта во Познањ во март, кога овие екипи беа членови на првата лига. Традицијата вели дека кога играат меѓу себе овие два тима, едниот тим не дава гол.
Предлог тип: НГ & 0-2 (2.19)
6044 Динамо Загреб – Карабах (21.00 часот)
Последната пречка за Динамо Загреб пред влезот во групите од Лигата на шампионите е Карабах, кој во претходното коло го елиминира бугарскиот Лудогорец во незаборавен реванш-меч на кој азербејџанскиот тим даде дури четири гола во продолженијата откако во регуларниот дел победи со 3-2 правејќи пресврт по негативата од 1-2. Ова покажува дека Карабах е незгоден гостин, но и тимот за којшто играат Ристовски и Адеми има богато европско искуство и посакува влез во европската елита.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.87)
6734 Бодо/Глимт – Црвена ѕвезда (21.00 часот)
Кај овој пар показателите укажуваат на можна голеада. Норвешкиот тим немаше проблем со полската Јагелонија и дојде до плејофот за влез во ЛШ против српскиот првак, кој досега беше слободен и ова ќе му биде прв европски меч летово. Ѕвезда е во голгетерска форма, даде по четири гола на секој од последните три меча во српската Суперлига. Ѕвезда не знае за гостински пораз во 2024 година, а Бодо дома на последните пет дуели секогаш дава барем три гола.
Предлог тип: ГГ & 3+ (1.94)
6735 Лил – Славија Прага (21.00 часот)
Овие два тима во претходното коло елиминираа незгодни ривали, Лил во драма беше подобар од Фенербахче, а Славија двапати го совлада белгискиот Ројал унион. Кај Лил ќе фалат Бенталеб, Умтити и Манди, но и Чесите имаат проблеми со повредени. Хендикеп за Лил е што овој меч нема да го игра на својот стадион, туку во Валенсиен. Лил е тим кој дома често и дава и прима гол, додека Славија на гости игра потврдо со малку погодоци.
Предлог тип: 1Х & 2-3 (2.35)