Црвена ѕвезда ќе ја направи „Маракана“ да биде најубав стадион во регионот (Фото)

Црвена ѕвезда сака да го реновира својот дом, популарната „Маракана“. Стадионот кој сега го носи името „Рајко Митиќ“ во следните две години треба да претрпи реконструкција и да добие нов лик. Се планираат 200 милиони евра за реконструкција на стадионот, кој потоа би бил најмодерен во овој дел од регионот.

Според планот, стадионот би требало да има капацитет од 42.000 гледачи, а планирано е да бидат реконструирани сите трибини освен Запад.

„Најблиску сме до решение капацитетот да биде 42.000 гледачи бидејќи според нашите проценки тоа би било најоптимално ако се земе предвид цената за реконструкцијата, период на траењето на градежните работи и потребите на Ѕвезда. Таа инвестиција приближно би била околу 200 милиони евра. Стадионот треба да биде во согласност со ФИФА и УЕФА, а наша цел е тој да биде во функција во сите 365 дена во годината. Затоа се размислува и за поставување на атлетска патека“, изјави за српски „Курир“ директорот на Црвена ѕвезда, Ѕвездан Терзиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести