Црвена звезда повторно казнета од УЕФА, нема да има поддршка од своите навивачи

Српскиот првак Црвена ѕвезда повторно е на мета на дисциплинската комисија на УЕФА. Црвено-белите се на „тапет“ во УЕФА поради испадот на нивните навивачи за време на дуелот против Хелсинки на гостински терен. Фановите на Црвена ѕвезда недолично скандираа, а УЕФА најави остра борба против расизмот и дискриминацијата во фудбалот.

УЕФА реши да ја казни Звезда со еден меч немање поддршка од своите навивачи на гостински терен во Лигата на шампиони. Во второто коло српскиот првак на својот стадион „Рајко Митиќ“ ќе игра против Олимпијакос, а потоа ќе гостува во Лондон кај Тотенхем.

Тоа значи на дуелот против англискиот тим, Звезда нема да има поддршка на стадионот во Лондон, како што тоа беше во првото коло против Баерн во Минхен.

 

 

- Оглас -

Најнови вести