Шпанија со многу мака и дури по изведување на пенали ја елиминира Швајцарија и се пласираше во полуфиналето на Европското прврнство, а Црвената фурија дури сега е опасна.
Ќе ја има и традицијата зад себе, откако во двата меча од нокаут фазата по маратонски мечеви ги елиминираше Хрватите и Швајцарците.
Против Коцкестите победија со 5:3 по 120 минути игра, а вечерва ја елиминираа и Швајцарија по подобро изведување на пеналите со 3:1, откако по регуларниот дел и по продолженијата од по 15 минути беше 1:1.
Досега сите пет репрезентации што биле во ваква позиција, односно во најмалку две нокаут фази победувале на продолженија, или на пенали станувале европски прваци.
Последни што приредија таков подвиг се Португалците на минатото ЕП, кога во соминафиналети со 1:0 ја елиминираа Хрватска по продолженија, а потоа беа подобри и од Полска во четвртфиналето на пенали со 5:3.
Поругалија славеше и во финалето по 120-минутна битка со Фрранција со голот на Едер во првото продолжение, односно во 109. минута.