Црвените бикови се нови лидери во Бундеслигата

Лајпциг е новиот лидер во Бундеслигата по денешниот триумф кај Фортуна Дизелдорф со 3-0. Црвените бикови ја нанижаа шестата победа во шампионатот, по која стигнаа до 33 бода, два повеќе од тимот на Менхенгладбах, кој утре треба да ги одмери силите со Волфсбург.

Гостите рано ја отворија средбата, Шик погоди во втората минута, а дури во второто полувреме екипата на Нагелсман ги запечати трите бода. Од пенал погоди Вернер во 58-та минута, Мукиеле ги реши сите дилеми во 75-тата минута.

Лајпциг дефинитивно ќе преспие на чело на германското првенство, додека Фортуна го претрпе деветтиот пораз и со 12 бода ќе остане на 16-тата позиција.

- Оглас -

Најнови вести