Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, ја одреди главната цел за зимскиот преоден рок кој започнува на први јануари, а тоа е фудбалерот на Баерн Минхен, Серж Гнабри.
Тен Хаг токму во Гнабри ја гледа идеалната замена за проблематичните ѕвезди на Јунајтед, Бразилецот Антони и Џејдон Санчо, кои се отстранети од првиот тим.
Холанѓанецот ѝ порачал на управата на Јунајтед во јануари со сите сили да тргне по потписот со Гнабри, иако е свесен дека челниците на Баерн тешко дека среде сезона ќе се откажат од еден од своите најдобри фудбалери.
Минатата седмица во првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите играа токму Баерн и Манчестер јунајтед, а во победата на германскиот шампион од 4:3, свој удел имаше и Гнабри, постигнувајќи еден гол.
Освен Јунајтед, сериозен интерес за фудбалерот на Баерн Минхен пројавува и Реал Мадрид.