Ракометарките на Металург Автокоманда забележаа убедлива победа од 40-25 на првиот меч против Ред Бојс Диферданж од Луксембург и веќе може да се подготвуваат за следниот предизвик.
Металург доминираше во текот на целиот натпревар и сосема заслужено победи, а според прикажаното, резултатот можеше да биде и далеку поубедлив. Ракометарките од Автокоманда уште на полувремето имаа убедливи 17-11.
Ана Марија Коларовска со седум гола беше најефикасно, а гол помалку постигна Ива Божиноска.
Реваншот помеѓу Металург и Ред Бојс се игра веќе утре со почеток во 15 часот и тоа повторно со спортската сала „Автокоманда“ во Скопје.