Црвено-жолтите слетаа во Цирих, сега следува патување со автобус до Вадуц

Експедицијата на македонската фудбалска репрезентација со авионски лет од Скопје пристигна во Цирих, Швајцарија, а сега следува патување со автобус до Вадуц, главниот град на Лихтенштајн, каде што Црвено-жолтите задутре стартуваат со квалификации за Светското првенство кое ќе се одржи следната година.

За тимот на селекторот Благоја Милевски сега претстои патување од малку повеќе од еден час со автобус до Вадуц, по што ќе следува вечера и одмор.

Утре попладне тимот ќе тренира, а ќе се одржи и прес-конференција. Мечот е закажан за в сабота од 15 часот, по што македонските фудбалери ќе се вратат дома, а во второто коло на 26 март играме во Скопје против Велс.

- Оглас -

Најнови вести