ЦСКА го врати ударот, со брејк во Виторија води со 2:1

ЦСКА Москва го врати ударот и со победа од 84:77 води со 2:1 против Басконија во четвртфиналната серија во Евролигата.

Гостите речиси постојано имаа предност и успешно ја завршија мисијата во Виторија и сега повторно ја имаат предноста на домашен терен да одлучуваат за патникот во полуфиналето.

Нандо де Коло одигра импресивно и со 28 поени беше лидерот на гостите. Кори Хигинс беше втор стрелец кај гостите со 11 поени.

Басконија не успеа да го потврди брејкот од Москва од вториот меч и сега нема да прави на кикс ако сака да биде полуфиналист.

Венсан Поирие беше најефикасен кај домаќините со 19 поени, а Хилијард забележа 13 поени.

- Оглас -

Најнови вести