ЦСКА Москва не дозволи второ изненадување и пораз на свој терен и иако се намачи, успеа да го победи Баерн со 77:70 во премиерниот меч од 19-тото коло во Евролигата.
Германците имаа предност од пет поени разлика пред стартот на последната четвртина, но тогаш тргна фуриозниот финиш на домаќините. Направија разлика од 12 поени и го добија четвртиот период со 25:13 за 14-та победа во 19 натпревари, со што се зацврстија на третата позиција, зад Фенербахче и Реал Мадрид.
Вил Килбурн со 20 поени беше најефикасен на мечот, а со двоцифрен учинок во поени беа и Хакет со 12 и Родригес со 11 поени.
Кај Баерн, по 12 поени постигнаа Џедовиќ и Копонен.