ЦСКА за нов тренер ја ангажира клупската легенда

ЦСКА Москва го потврди ангажманот на Ивица Олиќ за нов тренер, кој се враќа во кубот по 15 години пауза како замена за Виктар Хачаренка.

Еден од асистентите во хрватската репрезентација се одлучи за првпат да почне самостојна работа и своето тренерско знаење ќе се обиде да го преточи во клубот со кој што го освои тогашниот Куп на УЕФА во 2005 година, а при тоа се закити со три титули во Русија и по два трофеи во рускиот Куп и Суперкуп во периодот од 2003 до 2006 година. Некогашниот напаѓач на Баерн Минхен и Хамбуергер во играчката кариера забележа 116 настапи за Армејците во кои реализира 44 погодоци.

Инаку, ЦСКА веќе пет години чека на титула во руската Премиер лига и се чини дека така ќе биде и по крајот на оваа сезона. Амрејците по 23 кола се наоѓаат на петтото место со 40 бода, осум помалку од лидерот и актуелен првак Зенит.

- Оглас -

Најнови вести