Селекторот на Англија, Томас Тухел, по победата од 3-0 над Велс во пријателскиот меч игран синоќа во Лондон ги критикуваше навивачите кои беа на „Вембли“ и според него, не давале поддршка по третиот гол.
„Имавме одлично прво полувреме. Многу рано поведовме со 3-0, до полувремето можеше да биде 4-0 или 5-0. Сè одеше навистина добро. Но, потоа не можевме да постигнеме четврти или петти гол и стадионот замолкна. Не ја почувствувавме енергијата на навивачите, иако мислам дека играчите вложија многу труд за да извлечат повеќе од нив. Очекував поголема поддршка. Се слушаа само навивачите на Велс… Малку беше тажно. Мојот тим заслужуваше голема поддршка“, рече Тухел.