Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел, решил повторно да се потпре на услугите на ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингам, објавиja британскитe медиуми. Германскиот стратег предизвика големо негодување минатиот месец, кога одлучи да не го повика Белингам за пријателскиот натпревар против Велс и за квалификацискиот меч за СП 2026 против Летонија.
Тогаш Белингам штотуку се врати на теренот по операција на рамото, па Тухел избра да не ризикува со негово вклучување во составот. Самиот играч изрази желба да игра за националниот тим, но истакна дека одлуката не зависи од него.
Англија во ноември ќе одигра два натпревари, против Србија на 13 ноември и против Албанија на 16 ноември, во рамките на квалификациите за Светското првенство 2026. Англичаните веќе го обезбедија своето учество на завршниот турнир во Северна Америка следната година.

