Тухел објасни зошто нема да ја пее химната на Англија

Селекторот на Англија, Томас Тухел, изјави дека ќе мора да го „заработи правото“ да ја пее националната химна на земјата „Боже спаси го кралот“. Ова Тухел го најави  откако го именуваше својот тим од 26 играчи пред квалификациите за Светското првенство кои се играат во следните 10-тина дена.

Тухел беше назначен за селектор на Англија, на местото на Герет Саутгејт кој во октомври 2024 година доби отказ. На стартот од квалификациите за СП 2026, Англија  ќе игра против Албанија и Летонија. Тој рече дека нема да ја пее химната на неговите први натпревари на чело на селекцијата на Англија.

„Многу ми значи, можам да ве уверам, но чувствувам, бидејќи е толку значајна, толку емотивна и моќна – националната химна – што морам да го заслужам своето право да ја пеам“, рече 51-годишниот Германец.

Некои од реакциите на јавноста беа дека тој треба да ја пее химната на земјата која ја предводи, додека други коментираат дека негова задача е да направи вистинска тактика и да ја предводи репрезентацијата до победи.

 

- Оглас -

Најнови вести