Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, планира големи промени во тимот за следната сезона и е подготвен да се откаже од големите ѕвезди. Садио Мане одамна е ставен на продажба, сега Тухел му порача и на Леон Горецка дека ќе биде продаден ако пристигне примамлива понуда.
Манчестер јунајтед и Вест хем се заинтересирани за Горецка за кого Баерн бара помеѓу 40 и 50 милиони евра.
Денеска германските медиуми лансираа уште една бомба, Тухел е подготвен да ги слушне понудите за капитенот Џошуа Кимих.
Според магазинот „Кикер“, Кимих досега се сметаше да недопирлив, но во случај на висока понуда, Баерн во најмала рака ги седнал на преговарачка маса.
Како можна дестинација на Кимих кој од 2015 година е дел од Баерн Минхен, се споменува Манчестер сити чиј менаџер Хосеп Гвардиола има високо мислење за капитенот на германскиот шампион.