Тунис и Данска го одиграа првиот меч без голови на Мундијалот во Катар

Селекциите на Данска и на Тунис го одиграа првиот натпревар без голови на Светското првенство што во неделата започна во Катар.

На стадионот „Едукејнш сити“, и двете репрезентации одиграа офанзивен фудбал, создаваа шанси на двете страни, но топката не сакаше да влезе во мрежата. Најголеми заслуги за тоа има голманот на данската репрезентација, Каспер Шмајхел, кој во финишот на првото полувреме, со одлична интервенција спречи водство на Тунис.

Во второто полувреме се заканија Данците, прво преку во 69-та минута Ериксен чиј удар го одбрани голманот на Тунис, Дамен. Две минути подоцна, Андреас Корнелиус ја погоди стативата, но резултатот остана непроменет. Во последните моменти, Данска имаше уште една голема шанса, но шутот на Линдство, голманот Дамен успеа да го одбрани.

Со ремито без голови, Тунис по пауза од 44 години, конечно успеа да не прими гол на натпревар на Светско првенство.

- Оглас -

Најнови вести