Тунис успеа да ја победи Австрија со 32:27 и ги симна дилемите за третиот патник од групата Ц во следната фаза на ракометниот Мундијал.
Тунижаните водеа во текот на целиот меч, на полувреме имаа предност од 18:14, а на крајот славеа со пет разлика. Со нив од групата Ц во следната фаза се пласираа Данска и Норвешка, а тие две селекции вечерва ќе играат за првото место и за максимален број бодови кои се пренесуваат во следната фаза по групи.
Во меч од групата Д, Катар ја победи Аргентина со 26:25, но и двете селекции испаднаа. Со пораз од Германија со 23:31 и Србите се простија од битката за пробив меѓу 12-те најдобри селекции на светот, а Германците само потврдија дека се меѓу фаворитите за медал.