Тупак Шакур дебитираше како стартер во англискиот фудбал

Легендарниот рапер Тупак Шакур беше убиен пред 26 години, а неговото име сега станува активно во англискиот фудбал. Во екипата на Чарлтон, која игра во Лига 1 (трета лига во Англија), најпопуларен е фудбалерот со име Тирес Ентони Тупак Шакур Кембел.

Не е тешко да се сфати дека овој 19-годишен играч за врска дел од своето име го има добиено во чест на прославениот рапер. Благодарение на името, фудбалскиот Тупак Шакур брзо се стекна со голема слава и го привлече вниманието.

Пред неколку дена, Тупак Шакур го имаше првиот настап како стартер во дресот на Чарлтон, а тоа беше вкупно негов четврти настап за сениорскиот тим. Со оглед на тоа дека се работи за тинејџер, многумина сметаат дека токму овој играч има добри предиспозии да стане славен.

- Оглас -

Најнови вести