Турција испиша потерница за Кантер

Енес Кантер, центарот на Њујорк никс, е оптужен дека учествува во движењето против власта на актуелниот турски претседател, Реџет Таип Ердоган. Турските власти покренаа интернационална потерница од црвено ниво за Кантер, бараат да биде доведен пред правдата на законот во Турција и да му се суди за терористичко делување.

Поради истите причини, кошаркарот беше задржан во притвор во Романија пред две години, додека во 2017 година му беше одземен турскиот пасош. Наводно, Кантер ја финансира терорискичката група Фетула Гулен, а даваше и поддршка преку социјалните мрежи за време на немирите во Турција во 2016 година.

Пред извесно време, Кантер истакна дека нема да патува во Лондон кога Њујорк никс ќе се соочи со Вашингтон во „О2 арената“ под сомнеж дека може да биде убиен од турски шпиони.

Дуелот Њујорк – Вавшингтон ќе се игра утре, со почеток од 21 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести