Турција ја победи Белорусија со 3:1, Македонија е блиску до осминафинале на ЕП

Македонија е сè поблиску до осминафиналето и пат за Франција откако вечерва Турција ја победи Белорусија со 3:1. Сега ни треба уште една победа на Турците, утре против Финска за место меѓу 16-те најдобри европски селекции.

Македонија успеа да го победи домаќинот и голем фаворит Словенија со 3:1, а малку подоцна и Турците ги победија Белорусите со сигурна игра во четири сета.

Нашата репрезентација е дебитант на големите натпреварувања, но избраниците на Никола Матијашевиќ имаат убава шанса во деби-настапите да бидат и осминафиналисти.

Турција и Финска ќе играат утре од 20.30 часот.

- Оглас -

Најнови вести