Турција водеше со 2:1 против Хрватска, а потоа „лудило“, три гола за пет минути

И кога се работи за пријателски мечеви, ниедна селекција не сака да загуби, а тоа најдобро го покажаа Турција и Хрватска на дуелот во Истанбул. Турците одлично започнаа и поведоа со голот на Тосун од пенал, а Будимир израмни во 32-рата минута. До крајот на првото полувреме домаќините постигнаа и вотр гол за нова предност на полувремето.

Во вториот дел имаше фуриозни пет минути, во кои беа постигнати три гола. Пашалиќ во 53-тата минута израмни на 2:2, а Беркало, напаѓачот на Волфсбург, погоди за водство на Коцкестите во 56-тата минута. Сепак, предноста на Хрватска траеше само две минути затоа што Ундер погоди за 3:3, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

Сепак, дуелот во Истанбул не беше меч со најмногу погодоци затоа што Романија и Белорусија одиграа 5:3. Домаќините уште во првото полувреме поведоа со 4:0, а на почетокот на вториот дел стигнаа до 5:0. Во последните 30 минути гостите сепак успеаја да се вратат и да постигнаа три гола.

Денешни резултати: Грција – Кипар 2:1, Албанија – Косово 2:1, Црна Гора – Казакстан 0:0, Литванија – Фарски Острови 2:1, Малта – Лихтенштајн 3:0, Романија – Белорусија 5:3, Сан Марино – Летонија 0:3, Бугарија – Гибралтар 3:0, Турција – Хрватска 3:3.

- Оглас -

Најнови вести