УЕФА го суспендира Мерих Демирал со забрана за настап на два натпревари за покажување на знакот „бозкурт“ (сиви волци), кој се смета за провокативен и ултранационалистички, и оваа одлука ги налути Турците.
Сол на рана на Турците УЕФА им фрли со одлуката само условно да го суспендира Џуд Белингам, кој беше под истрага откако при прославата на голот со Словачка се фаќаше за меѓуножјето, па Турците сега обвинуваат и за двојно стандарди.
Турците имале одбрана на 30 страници подготвена од домашни и странски адвокати, била испратена до Дисциплинската комисија на УЕФА, во досието се објаснувало и дека знакот на Сивите волци е симбол стар 1000 години на луѓето со турско потекло во Анадолија, Централна Азија и многу делови од светот, но ништо не помогна.
„Демирал е суспендиран поради кршење на општите принципи на однесување, кршење на основните правила на пристојно однесување, нарушување на фудбалот како спорт и користење на спортски настан за промоција на работи кои немаат спортски карактер“, се вели во официјалното соопштение на УЕФА.
„Казната за Џуд Белингам е 30.000 евра и суспензија за еден натпревар. Споменатата суспензија не се спроведува веднаш и е условена од една година поради прекршување на основните правила за пристојно однесување“, објаснија од УЕФА.
Ова значи дека Белингам ќе игра во четвртфиналето на ЕП, а Демирал не.