Турците ги провоцираа Украинците со скандирање за Путин, легендарниот Романец од Динамо Киев одби да дојде на прес (Видео)

Навивачите на Фенербахче со незгодна провокација реагираа при водечкиот гол на Динамо Киев и го скандираа името на Владимир Путин, претседателот на Русија, земја која е во војна со Украина.

Динамо Киев успеа да победи со 2:1 во Истанбул по две продолженија и се пласира во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Тренерот на Украинците, Мирчеа Луческу, кој е Романец, одби да присуствува на вообичаената прес-конференција по мечот од протест против гестот на симпатизерите на Фенербахче и нивнто скандирање на името и презимето на рускиот претседател.

Динамо Киев ќе игра против Штурм Грац во следното квалификациско коло на патот кон настап во фазата по групи во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести