Турците покажаа дека САД се ранливи, Бразил го скроти МВП Јанис

САД со тешки маки славеше во дербито на колото против репрезентацијата на Турција со минимални 93:92 по продолженија. Избраниците на Грег Попович наидоа на тврд орев, а бестрашните Турци ги открија слабостите на светскиот првак и беа многу блиску до изненадување.

Сè одеше според планот за Американците до 15-тата минута од првото полувреме, кога имаа +15 поени во своја корист. Меѓутоа, Турција ја  врати неизвесноста уште пред паузата, а во текот на второто полувреме на двапати успеаја да го израмнат резултатот. Во одлучувачките пет минути се влезе со резултат од 71-71, турските кошаркари пропуштија шанса да дојдат до прво водство на мечот, но двете пропуштени прилики повторно ги доведоа во неповолна позиција.

Грешките ги доведоа Американците првпат да бидат во негатива на 12 секунди до крајот на мечот, но со последниот напад Тејтум изнуди три слободни фрлања, од кои реализираше две и го одведе мечот во дополнителни пет минути. И покрај тоа што Турција отвори со +5, САД најде начин како да ја запише втората победа, со слободните фрлања кои ги погоди Мидлтон за минимална предност на две секунди до крајот.

Мидлтон запиша 15 поени, еден поен помалку постигна Вокер, а со 11 завршија Тејтум, Тарнер и Херис од САД, додека искусниот Илијасова ја предводеше Турција со дабл-дабл од 23 поени и 14 скока.

Бразил ја изненади Грција во тесната пресметка која ја добија Кариоките со минимални 79:78. Грчката селекција иако во поголем дел од мечот го имаше резултатот во своја корист, Бразил додаде гас во продолжението и надополни -15 поени негатива. Во последната секунда од мечот, Слукас имаше прилика да го израмни резултатот за да се играат продолженија, меѓутоа неговиот учинок 2/3 од линијата за слободни фрлања беше пресуден за поразот на Грците.

Франција го совлада Јордан со убедливи 103:64.

- Оглас -

Најнови вести