Тужби околу ТВ-правата го чуваат Реал во Лигата на шампионите

УЕФА, Александер Чеферин, но и фудбалските љубители успеаја да го спречат формирањето на Суперлигата, барем засега, но според првиот човек на Европската фудбалска куќа, некои клубови ќе мора да ги сносат последиците.

Секако, тој мислеше на оние 12 гиганти кои го започнаа проектот, а што се однесува до Реал Мадрид, само ТВ-правата се гаранција дека најтрофејниот клуб во ЛШ нема да биде казнет во наредниот период.

„Вратата на УЕФА секогаш е отворена за сите, но некои клубови мора да ги сносат последиците. Тие се членови на нашата организација, но со одредени луѓе врската повеќе никогаш нема да биде иста. Сите ме разочараа, но да речеме дека Барселона најмалку. Лапорта остави да одлучуваат членовите на клубот околу влез во Суперлигата, што беше вистински потег. Околу Реал Мадрид можам да кажам дека мали се шансите да не се одржи двомечот против Челзи бидејќи сезоната веќе е во тек. Телевизиите би барале отштети доколку тие натпревари не се одиграат“, вели Чеферин.

- Оглас -

Најнови вести