Фелисија Сонмез е суспендирана на одредено време во „Вашингтон пост“ откако објави твит со кој навлече многу гнев во јавноста.
По смртта на легендарниот кошаркар, кој загина во несреќа откако падна хеликоптерот со којшто патуваше, Сонмез избра погрешен момент за да потсети на настан што се случи во 2003 година, кога Брајант беше под истрага за силување, но беше ослободен од сите обвиненија.
„Вознемирувачкиот случај на Коби Брајант. Имаше ДНК докази, приказна на жртвата и половина признание од кошаркарот“, напиша на „Твитер“ новинарката на „Вашингтон пост“.
Имаше илјадници коментари, дури и закани по живот за Сонмез, која веднаш беше суспендирана од работа, а ги избриша сите постови во врска со случајот од 2003 година.