9.8 C
Skopje
недела, 2 ноември 2025

Уапсен навивачот на Победа кој искрши прозорец од соблекувалната на Шкендија Арачиново

Навивачот кој иницираше инцидент по завршување на вчерашниот меч од Втора фудбалска лига меѓу Победа Прилеп и Шкендија Арачиново, е уапсен. Ова е потврдено во денешниот билтен што го издава Министерството за внатрешни работи.

„На 01.11.2025 во 15:30 часот на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Ф.З.(33) од Прилеп затоа што го нарушил јавниот ред и мир со оштетување и уништување инвентар и други делови од спортскиот објект. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава“, објави МВР во билтенот.

Инцидентот се случи кога навивачот со нога искрши прозорец во делот каде што се наоѓаше соблекувалната на фудбалерите на Шкендија Арачиново. За среќа, ниту еден фудбалер не беше повреден, а МВР веднаш реагираше и го санкционираше главниот виновник за овој инцидент.

Од спортски аспект, Шкендија Арачиново минимално со 1:0 славеше на гостувањето во Прилеп и се искачи на првото место во Втора лига.

- Оглас -

Најнови вести