Убав ден за голманите – Беговиќ потпиша за Милан, Реина ја засили Астон вила

Асмир Беговиќ ќе му биде резерва на Џанлуиџи Донарума откако денеска пристигна на позјмица во Милан од редовите на англискиот премиерлигаш Борнмут, а интересниот ден за трансфери на голманите го комплетира и Пепе Реина.

Искусниот голман ќе брани за Астон вила, а и тој пристигна во новиот клуб како позајмен голман од Милан.

Росонерите денеска беа мошне активни на трансфер-пазарот и покрај заминувањето на 37-годишниот Реина и ангажманот на Беговиќ, имаат уште едно засилување.

На „Сан Сиро“ пристигна данскиот репрезентативец Симон Кјер и повторно се реализира трансфер како позајмица. Кјер досега беше член на Севилја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести