Убава најава за деби во македонската репрезентација – Етеми постигна прекрасен гол на чуден меч што не се доигра (Видео)

 

Валон Етеми постигна убав гол за Истанбулспор денеска на мечот од Втората турска лига против Менеменспор, како потстрек пред дебито што го очекува офанзивецот во дресот на македонската репрезентација.

Етеми со соло-продор си направи зицер позиција и одлично погоди во 33. минута на чуден меч што беше прекинат поради магла. Се играа само околу 50-на минути, а до прекинот Истанбулспор водеше со 2:0.

Етеми кој е напаѓач и има 24 години доби сефте повик да биде дел од сениорската репрезентација на Македонија пред двата последни натпревари во квалификациите за Мундијалот во Катар.

Тој е на списокот на селекторот Благоја Милевски за дуелите со Ерменија во Ереван на 11. ноември и против исланд во Скопје три дена подоцна.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести