Убава вест: Грузија – Македонија и Македонија – Бугарија со преноси на МТВ1

Македонската национална радио телевизија ги откупи правата за последните два меча од Лигата на нациите на кои нашата репрезентација ќе игра со Грузија и Бугарија, па љубителите на спортот ќе имаат прилика средбите да ги гледаат на МТВ 1.

Досега дуелите на Македонија од Лигата на нациите одеа само на регионалната телевизија Спорт клуб, често и со коментатор од немакедонско говорно подрачје.

Мечот со Грузија е утре, а преносот почнува во 17.50 часот, додека пресметката со Бугарите е в понеделник, 26 септември, со почеток во 20.45, а преносот на МТВ стартува десет минути порано.

- Оглас -

Најнови вести