Убави вести за Барселона, голманот Жоан Гарсија воопшто не е повреден

Барселона синоќа оствари убедлива победа против Њукасл и обезбеди пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Се чинеше дека победата ќе има висока цена бидејќи на натпреварот се повреди голманот на Барселона, Жоан Гарсија.

Првичните прогнози, веднаш по натпреварот, укажуваа дека Гарсија би можел да отсуствува неколку недели.

Сепак, по извршените детални прегледи, тренерот Ханси Флик доби одлични вести, Гарсија воопшто нема повреда.

Од Барселона веднаш се огласија преку официјалните канали:

„Медицинските тестови направени денеска кај Жоан Гарсија исклучија каква било повреда. Играчот му е на располагање на тренерот за следниот натпревар“, соопштија од клубот.

Така тој ќе биде подготвен за дуелот против Рајо Ваљекано викендов.

По натпреварот со Рајо Ваљекано, Барселона ја очекува пауза поради репрезентативни обврски, а потоа следува исклучително густ распоред со три натпревари против Атлетико Мадрид во период од десет дена.

Најпрво Барселона ќе гостува кај Атлетико во рамките на домашното првенство на 4 април. Четири дена подоцна, Каталонците ќе го пречекаат истиот ривал на домашен терен во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Потоа следува уште еден лигашки натпревар, овојпат против Еспањол, пред ново соочување со Атлетико, кое ќе биде реванш-дуел.

Јасно е дека Флик има причина за задоволство бидејќи за овој напорен период ќе може да смета на својот прв голман.

- Оглас -

Најнови вести