Убаво е да си европски првак

По освоената шеста титула во Лигата на шампионите, челниците на Ливерпул целат на нови успеси во блиска иднина. Планирани се неколку новитети со кои европскиот првак ќе се доразвива и на економски план.

Според информациите на англиските медиуми, потврдено е дека „Енфилд“ ќе се реновира, а со надграбата ќе се зголеми капацитетот на трибините. Култниот стадион на Мерсисајд моментално собира 54.074 гледачи по надграбата која се заврши во 2016 година, што го прави шести најголем стадион во Премиер лигата, додека со новото прширување ќе се надмине границата од 60.000 седишта.

На тој начин ќе се зголеми и продажбата на сезонски и билети по натпревар.

Најавена е промена и нова соработка со спортски бренд кој ќе се грижи за опремата. Ливерпул е во преговори со познатиот бренд „Најки“, околу повеќегодишен договор со кој Црвените ќе го надминат рекордниот договор од 75 милиони фунти на Манчестер јунајтед што го има склучено со „Адидас“.

На задоволство на навивачите, но и на менаџерот Клоп, Ливерпул ја продолжи соработката со Алекс Окслејд-Чембрлен до јуни 2023 година. Англичанецот е еден од милениците на германскиот стратег, кој и покрај повредите, ја добива довербата и еден од позначајните играчи на Црвените кога е на теренот.

Откако се пресели од редовите на Арсенал во 2017 година за сума од 35 милиони фунти, Окслејд-Чембрлен запиша 47 настапи во црвениот дрес, постигнувајќи пет гола.

- Оглас -

Најнови вести