Во последниот натпревар од 23-тото коло на италијанската Серија А, Удинезе вечерва на свој терен ја победи Рома со 1-0.
Ова е вкупно деветта победа за тимот од Удине, кој се искачи на деветтото место со 32 бода, додека Рома остана на петтата позиција со 43 бода, два помалку од Јувентус на четвртото место.
Jürgen Ekkelenkamp scores from freekick + a bit luck!
— Goals Xtra (@GoalsXtra) February 2, 2026
🇮🇹 Udinese 1-0 Romapic.twitter.com/cZLwJgeeOs
Победничкиот гол беше постигнат на почетокот од второто полувреме. Во 49-тата минута, домаќините издејствуваа слободен удар од левата страна, на околу 25 метри од голот на гостите. Екеленкамп изведе слободен удар, топката го погоди Мален во живиот ѕид и го изненади голманот Свилар, за 1-0.
Рома се обидуваше да изедначи до крајот на натпреварот. Во 73-тата минута се случи ситуација во шеснаесетникот на Удинезе која ќе се коментира уште долго. Даниеле Џиларди беше соборен во казнениот простор, гостите бараа пенал, но судијата Саки не реагираше.
Во самиот финиш, Брајан Кристанте по голема гужва пред голот на Удинезе ја затресе мрежата, но голот беше оправдано поништен поради офсајд.
Во последните секунди, римјаните имаа уште една голема шанса, но Окоје одбрани и ја исфрли топката во корнер. Дури и Свилар влезе во казнениот простор на домаќините, но тоа немаше ефект.

